Материјали

Квалитет на градба

Карактеристично за нашите објекти се најквалитетните, првокласни материјали од европско потекло, со кои обезбедуваме долгорочни, безбедни и асеизмички стабилни објекти. Модерна и луксузна вентилирана фасада – Alubond,  која покрај 100% поголемата енергетска ефикасност, објектот поседува и максимална звучна изолираност што води кон удобност, квалитетно домување и модерен изглед согласно светските трендови на архитектурата во светот.  Карактеристични се и надстандардните стаклени портали кои нудат максимален светлосен, звучен и топлински комфорт во секој стан, како и најмодерна технологија – Smart Home, со која секој станар добива можност за пристап и контрола на сите уреди во домот од било каде во светот.  Енергетско-ефикасен Мулти Сплит систем за ладење и греење, за беспрекорна удобност, природно струење на воздухот, без бука и прашина. Дополнителна звучна изолација помеѓу станови и ходници со SONICBOARD двојна облога исполнета со камена волна, како и првокласни шпански санитарии и керамика од најпознатите произведувачи ROCA и PORCELANOSA, првокласен дабов трослоен паркет – BOEN или луксузен под Винил – TARKETT. Подетално за материјалите погледнете во каталогот.

Вентилирана Фасада - Alubond и HPL

Модерна енергетско-ефикасна вентилирана фасада со алуминиумска подконструкција и 10cm Камена волна.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Надстандардни Стаклени Портали / Прозорци

Врвен квалитет на Алуминиум и Ламинирано Безбедносно стакло за максимален светлосен, звучен и топлински комфорт.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Smart Home (ПАМЕТЕН ДОМ)

Врвна Smart Home технологија која вклучува Паметна Видеодомофонија, Smart Home контрола на сите уреди во домот и Smart Security за максимална безбедност во домот.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Камена Волна и SONICBOARD гипсени плочи

Ѕидови што дишат и овозможуваат максимална топлотна и звучна изолација, без мувла и влага за здрава клима во домот и противпожарна заштита, благодарение на камената волна и SONICBOARD двојната облога од гипс плочи за засилена звучна изолација помеѓу станови и ходници.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Високо квалитетна шпанска керамика и санитарија

Првокласни керамички и порцелански плочки од најпрестижниот шпански производител – PORCELANOSA и Првокласна санитарија од најпознатиот шпански бренд – ROCA.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

Трослоен дабов паркет (BOEN) или Луксузен Под ВИНИЛ (TARKETT)

Избор помеѓу високо квалитетен трослоен дабов паркет-BOEN (1 класа), со дебелина 14mm, 100% природен, еколошки изработен од најквалитетно дрво кое бара минимално одржување,  за комфорен и топол дом / или топол, водоотпорен луксузен под LVT Винил – TARKETT, составен од 10 слоја кои нудат високи перформанси за едноставно одржување, акустична изолација, отпорен на гребење, природен изглед и многу други.

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

ЗА НАС

Seismic Design

Сеизмик Дизајн ДООЕЛ ги бележи своите почетоци во 2012 година како проектанско биро за проектирање и сеизмика на објекти, и надзор, со успешно реализирани над 1000 проекти, се до 2018 година кога компанијата ја пренасочува својата примарна дејност кон инвестирање во станбени објекти.

Дознај повеќе
Smart Life Building