ЗА НАС

Seismic Design

Сеизмик Дизајн ДООЕЛ ги бележи своите почетоци во 2012 година како проектанско биро за проектирање на статика и сеизмика, и надзор на изградба на градби од сите категории, со успешно реализирани над 100 проекти, се до 2018 година кога компанијата ја пренасочува својата примарна дејност кон инвестирање во станбени објекти.

Од самата потребата за модерни, луксузни и квалитетни станови, нашата компанија успешно го реализираше, во рекордно време, својот прв проект – Smart Life Building #1, #2 и #3, со кои понудивме сосема поинаков концепт на домување на пазарот.

Постојано се стремиме кон постигнување на светските архитектонски трендови, нови технологии и користење на модерни и првокласни материјали за градба во нашите објекти, за подобар, поквалитетен и покомфорен дом за секое семејство.